Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Познат е идентитетот на човекот, кој беше изрешетан во Атина, пред 3 години бил претепан

2 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Убиството се случило кога Панајотис, по професија геодет, го паркирал своето БМВ пред зградата во која се наоѓала неговата компанија.

Тој бил застрелан од лице на мотор со најмалку десет куршуми , а напаѓачот побегнал. Тој не е уапсен и по него интензивно се трага.

Според медиумите, жртвата немала криминално досие, но пред три години бил брутално претепан.

Тој го пријавил овој напад во полиција, но никој никогаш не бил уапсен или обвинет.

Често работел на Миконос.

Автомобилот во кој бил застрелан бил на неговиот деловен партнер.

Полицијата сега истражува дали Панајотис или неговиот партнер бил вистинската цел на нападот.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ