Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Парламентарни избори во Хрватска - се очекува победа на ХДЗ

17 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Излезноста е многу повисока отколку пред четири години, а главната битка се очекува да се води меѓу владеачката ха-де-зе и опозициските социјалдемократи.

Последните анкети покажаа дека Ха-Де-Зе на премиерот пленковиќ ќе освои помеѓу 15 и 20 мандати повеќе од Ес-Де-Пе во 151-члениот парламент, но недоволно за самостојно да формира влада. Изненадување на изборната трка беше најавата на претседателот Зоран Милановиќ да биде кандидат за премиер на Ес-Де-Пе, но поради одлуката на уставниот суд дека не може директно да учествува на изборите ако не поднесе оставка, тој мораше да се дистанцира од кампањата.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ