По неколкучасовен хаос пред градското собрание во Нови Сад, на неговото приземје каде што е сместена полицијата, избувнал пожар предизвикан од факел фрлен од насобраната толпа.
На ова му претходело кршење стакла на прозорците, фрлање црвена боја, но и прскање со цистерна полна фекалии.
Во близина на градското собрание има полициски сили со целосна опрема за разбивање демонстрации, јавува Н1. Таму има околу 20-30 полицајци и се чини дека чекаат да реагираат по издадена наредба.
Ситуацијата и понатаму ескалира, толпата не се разотидува.