Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави
дека очекува во наредниот период две големи земји, поголеми од Србија, да го повлечат
признавањето на Косово.
Наскоро ќе има уште повлекување на признавањето на Косово.
Две големи држави, многу поголеми од нашата, наскоро ќе го повлечат своето
признавање“, најави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Вучиќ рече дека по инаугурацијата на новоизбраниот
американски претседател Доналд Трамп, очекува големи политички промени за многу
прашања, вклучително и за прашањето за Косово и Метохија. Тој оцени дека
Приштина се плаши од тие промени.
Говорејќи за состојбата на Косово пред 2012 година, Вучиќ
рече дека досега 28 земји го повлекле своето признавање.
Тој додаде дека во Косово се „многу нервозни“ поради
доаѓањето на Доналд Трамп на власт во САД.
Тој рече и дека од новата американска администрација очекува
структурни промени во политиката за поддршка на „вистинските и лажните“
невладини организации.
Тој истакна дека се надева на ова и дека тоа може да го
спаси светот во иднина.