Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

НАТО: Србија сама треба да одлучи какви односи сака со Алијансата

17 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Досегашниот шеф на Канцеларијата за врски на НАТО во Белград, италијанскиот генерал Џампјеро Романо, нагласи дека НАТО ја почитува воената неутралност на Србија, но тоа не ја спречува соработката.

- Професионалноста на српските војници е препознаена во меѓународните мисии, како оние во Либан и Централноафриканската Република, рече Романо.

Помошник-министерот за надворешни работи на Србија, Игор Кужелка, истакна дека во јавноста постои „негативен став кон НАТО“, потсетувајќи на бомбардирањето на СР Југославија во 1999 година.

- Не смееме да ја заборавиме минатото, но мораме да гледаме напред, изјави тој.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ