Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Мишел ја откажа денешната посета на Подгорица

1 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

„Се договоривме да се сретнеме во Брисел во вторник (2 јули). Важно е Црна Гора да остане фокусирана на европскиот пат“, напиша Мишел на платформата Х.  Извори од Европскиот совет потврдија дека Мишел ја одложил закажаната посета на Црна Гора на 2 и 3 јули „за да обезбеди успешни разговори со клучните соговорници во земјата, кои не треба да бидат во сенка на последните случувања“, објави Радио Слободна Европа.

Портпаролот на Европскиот совет истакна дека е важно Црна Гора да остане на патот кон ЕУ, по значајната меѓувладина конференција на позитивен ИБАР.

Според претходно планираната агенда, Мишел во Подгорица требаше да се сретне со претседателот на државата Јакоб Милатовиќ на 2 јули, а еден ден подоцна и со премиерот Милојко Спајиќ како и со претседателот на Собранието Андрија Мандиќ, вклучително и говор пред членовите на собранието.

Од РСЕ наведуваат дека посетата е откажана откако Собранието на Црна Гора на 28 јуни ја усвои Резолуцијата за геноцид во Јасеновац. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ