Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Мафијашка пресметка во Цетиње: Убиен член на кланот „Шкаљари“ со еден куршум од снајпер

28 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Речиси никогаш не го напуштал семејниот дом во Цетиње, а ретко и престојувал во својот двор, пренесуваат црногорските медиуми. Тој бил свесен дека му се заканува опасност да биде нападнат од снајпер, па имотот го опколил со висок бетонски ѕид, објави Телеграф.

Очигледно снајперистот многу добро знаел дека ретко се појавува пред неговата куќа и долго го демнел од блискиот рид, а кога конечно Љешковиќ се појавил на терасата испукал истрел. Прецизен куршум испукан од 500 метри го погодил директно во срцето.

- Љешковиќ во последните месеци стравуваше за својот живот и стравуваше дека ќе биде мета на ривалите од „Кавачкиот клан“. Знаеше дека е во опасност и многу ретко го поминуваше прагот на семејниот дом. Го избегнал и дворот, бидејќи се сомневал дека може да биде снајперска мета бидејќи над куќата има рид - пишуваат црногорските медиуми.

Според подгоричките медиуми, Љешковиќ бил близок со Владан Радоман, еден од водачите на „Шкаљарскиот клан“. Се тврди дека овој „шкаљарец“ го презел раководството на кланот по убиството на Јован Вукотиќ во септември 2022 година во Истанбул.

А со убиството на братот на Радоман, Горан, во Белград во 2015 година, наводно започнала децениската војна меѓу „Шкаљарскиот“ и „Кавачкиот клан“ во која загинаа десетици луѓе во Црна Гора, Србија и регионот.

Љешковиќ ќе биде погребан утре на Новите гробишта во Цетиње.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ