Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Изгласана е новата влада на Црна Гора

23 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Реконструираната влада на Спајиќ има премиер и 30 членови, 24 министерства и седум потпретседатели, од кои двајца во исто време се и министри.

Спајиќ во воведниот говор рече дека во парламентот постои „историско мнозинство“, што е гаранција дека Црна Гора ќе биде стабилна и оти земјата ќе може да се посвети на важни теми како што се интеграција, економија и социјална политика.

- Црна Гора денес е најпомирена во својата историја. Секоја жртва беше соодветна и ова мнозинство е гаранција за стабилност и успех. Стануваме пример за заеднички живот и работа во регионот, рече црногорскиот премиер.

Спајиќ ја повика опозицијата да биде конструктивна, нагласувајќи дека следните три и пол години се клучни за евроинтеграциите на Црна Гора, но и за економските реформи.

Претседателот на опозициската Демократска партија на социјалистите, Данијел Живковиќ изјави дека реконструкцијата на Владата е обид да се спаси движењето Европа сега и самиот Спајиќ, кој според последните анкети има поддршка од 15 проценти.

- Цената на таа реконструкција е распродажба на националните интереси на Црна Гора, рече Живковиќ и додаде дека е беспредметно да се зборува за обнова на Владата со Мандиќ и Милан Кнежевиќ.

- Тоа се луѓе кои тврдат дека Црна Гора не е држава, рече Живковиќ.

Претставникот на Хрватската граѓанска иницијатива (ХГИ) Адријан Вуксановиќ изјави дека се што се случило во изминатата година потврдува дека неговата партија постапила правилно кога ја одбила понудата да се приклучи на владата на Спајиќ. Тој потсети дека извршната власт ги влошила односите со соседите.

Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ, коментирајќи ја реконструираната влада на Црна Гора, соопшти дека Црна Гора е жртва на најпримитивната политичка трговија и неодговорност што премиерот Милојко Спајиќ континуирано ја демонстрира во управувањето со државата.

Откако на граѓаните им стана јасно дека идејата за промена е изневерена, пустошот на политичкиот живот и демократските процеси продолжува, напиша Милатовиќ на Х.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ