Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Грција во шок: Синови си го убиле таткото, им помагал зетот во невиден случај на островот Евија

19 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Грозоморниот случај ја потресе Грција. Несреќниот маж го задушиле со перница, а тројцата млади луѓе потоа се обиделе да го прикријат злосторството со соблекување на жртвата до гола кожа, ставајќи му нож во рака и телото го префрлиле во подрум. Тогаш еден од синовите повикал полиција и пријавил дека таткото се обидел да го силува, додека другите двајца наводно ја запалиле перницата со која го извршиле делото, објави Катимерини.

Полицијата се обидува да го утврди мотивот за ова брутално злосторство, а се сомнева дека несреќниот маж е убиен од личен интерес, поточно поради 12.000 евра, кои биле пронајдени во куќата во која живеел.

Според резултатите од истрагата, тројца млади мажи ја убиле жртвата додека спиел. Носеле ракавици, а потоа му ставиле перница на лицето и чекале да престане да се грчи. Потоа, за да ги збунат инспекторите, го соблекле до гола кожа, му ставиле нож во рака и го однеле телото до скалите што водат во подрумот.

Исто така, се верува дека еден од синовите (22) повикал полиција пред да биде извршено убиството, тврдејќи дека татко му го нападнал и се обидел да го силува. Но, неговата приказна не се совпаѓа со доказите кои инспекторите ги нашле на местото на настанот, поради што веднаш почнале да се сомневаат во сведочењето на синот.

„Од почетокот нешто смрдеше. Местото каде што беше пронајдено телото не се совпаѓаше со приказната. Се виде дека телото е поместено, што беше аларм. Исто така, приказната на синот дека татко му го нападнал не држи вода Тој е висок, груб млад човек, а жртвата била мала“, изјавил извор од истрагата.

Некои работи ѝ станале појасни на полицијата кога во дворот од куќата во која живеел убиениот пронашла траги кои укажуваат дека таму нешто изгорело. Се покажало дека осомничените во дворот ја запалиле не само перницата, туку и постелнината и облеката на жртвата.

Според медиумите, во куќата биле пронајдени два ножа, како и списание со хомосексуална содржина, кое било турнато под душекот каде спиела жртвата. Таму биле пронајдени и парите кои се претпоставува дека биле мотивот за злосторството.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ