Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

ЕУ: Регистрирањето на кандидатите за изборите во Косово мора да се заснова на важечкиот закон

31 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Сите кандидати кои ги исполнуваат условите треба да имаат можност да учествуваат на слободни и фер избори и процесот на нивна сертификација мора да се заснова на правни стандарди и процедури во согласност со важечкиот закон на Косово, наместо на политички одлуки, соопшти денеска Европската служба за надворешни работи. 

- Очекуваме Централната изборна комисија (ЦИК), чија улога во надзорот на изборите е клучна, со сите применливи механизми да обезбеди инклузивен, кредибилен и транспарентен изборен процес, овозможувајќи им на косовските гласачи јасно да го изразат својот избор. Одговорноста за заштита на демократските гаранции е на сите членови на ЦИК и покрај нивната политичка определба. Ваквото фундаментално прашање не смее да се политизира и да се користи како ставка во изборната кампања, посочува ЕЕАС во реакцијата, 

ЕУ нагласува дека изборниот процес треба да биде транспарентен, кредибилен и без политичко мешање.

Службата потсетува дека ЕУ и нејзините земји членки во заклучоците од Самитот на 17 декември го истакнаа „позитивниот развој на Косово во однос на изборната рамка, врз основа на препораките на ЕУ, пред изборите на 9 февруари“.  

- Додека Косово и неговите граѓани уживаат живописна демократија, несертификацијата на политичка партија поради политички ставови, а не поради правни процедури, би било сериозно назадување, се додава во соопштението. 

Косовската Централна изборна комисија претходно одби да ја регистрира партијата Српска листа за учество на претстојните избори во Косово.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ