Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Една загината и 85 спасени во два одвоени случаи со мигранти во Егејското море

27 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во два одвоени случаи, едниот во близина на островот Кос, другиот во близина на Пелопонез, спасени биле 85 бегалци и мигранти, а било извлечено и безживотното тело на една жена, според информациите од крајбрежната служба на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Жената загинала во морскиот дел југоисточно од Кос, откако се превртил чамец со 16 лица, а останатите 15 биле спасени и пренесени на пристаништето на островот.

Доцна синоќа во координација со крајбрежната служба, од брод што бил во близина биле спасени 70 мигранти кои со едрилица пловеле источно од полуостровот Пелопонез и веројатно имале проблеми, а безбедно биле пренесени на пристаништето во градот Каламата.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ