Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Драма во центарот на Љубљана: Маж со ножеви се нафрли на полицајци (ВИДЕО)

13 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Според неофицијални информации на порталот 24ur, полицијата се обидела со електрошокер да го онеспособи младиот човек, но безуспешно.

Тие околу 15 часот добиле дојава и по пристигнувањето ја опколиле областа.

„Бараме сите да не се приближуваат до местото на интервенција и строго да ги следат упатствата на полициските службеници на лице место“, предупредија во моментот на инцидентот од љубљанската полициска управа, но и покрај ова, голем број луѓе се собраа на улица да го набљудува сето тоа.

На фотографиите се гледа човек кој држи нож и носи визир на лицето и ранец на грбот.

Мажот со ножеви ги нападнал полицајците, ги турнал и им се заканувал. Човекот на крајот бил онеспособен од специјална единица и однесен со брза помош.

Поради инцидентот, отежнат е и патничкиот сообраќај во Љубљана, неколку лица биле принудени да останат во автобуси. Освен тоа, луѓето кои работеле во околните згради не можеле долго време да ги напуштат своите работни места.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ