Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Девојче брутално претепано од соученички, десетина други посматраат - ужас во Грција (ВИДЕО)

24 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

На видеото се гледа како група девојчиња во саботата вечерта ѝ приоѓаат на жртвата пред продавница за облека на улицата Лазараки, објави Прототема.

Групата се приближила до 14-годишно девојче кое било со нејзините другарки и почнале да ја удираат со тупаници и клоци додека жртвата не паднала на земја. Случајните минувачи, главно помлади, само гледале што се случува.

Сѐ е веднаш пријавено во полиција и според информации се уапсени две малолетнички, пријателки на 14-годишното девојче, како и нивните родители.

Инаку, оваа случка е само капката која ја прели чашата поради тешкото малтретирање низ кое девојчето поминувало последните месеци. Имено, две соученички ја претепале во мај, а потоа повторно била нападната во септември.

Последниот напад се случил во саботата вечерта, а сторителите претходно се заканиле преку интернет.

Случајот во полиција го пријавил таткото кој рекол дека неговата ќерка била однесена на темно место, без причина ја одвоиле од групата и ја удриле по главата. Таа паднала на земја и изгубила свест. Потоа се обиделе да и ја скратат косата и да ѝ ја изгорат.

Откако завршиле, сите избегале од местото на настанот и го оставиле девојчето во агонија, кое подоцна го пронашле нејзините родители.

Следеше истрага и уапсени се две лица од класот на 14-годишното девојче и нивните родители. Полицијата наводно трага по уште едно лице.

„Жртвата се познавала со некои од напаѓачите и двајцата уапсени“, соопшти полицијата.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ