Vreme.mk - Дознај на Време.

Балкан

Американскиот актер Руди Јангблад уапсен во Атина, се соочува со депортација од Грција

3 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Поради закана со нож кон полицаец, американскиот актер Руди Јангблад познат по филмот „Апокалипто“ минатата седмица бил уапсен во атинска населба и ослободен, но било констатирано дека му е истечена визата и се соочува со депортација од Грција, објавија грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, 42-годишниот актер во Грција е за снимање на неговиот нов филм, а во раните утрински часови на 27 декември застанал пред полициска станица во населбата Кипсели, а со оглед на тоа што бил под дејство на алкохол, полицаец од станицата му се обратил да го праша дали е добар, по што Јангблад извадил нож и почнал да му се заканува на полицискиот службеник.

Веднаш бил уапсен и поради заканите и навредите и поради поседување оружје за што му била изречена условна казна и бил ослободен, но во меѓувреме било констатирано дека му е истечена визата и бил пренесен во Службата за странци и веројатно ќе треба да биде депортиран од земјата. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ