Изборната комисија соопшти дека до 16:30 часот на претседателските избори во Хрватска излегле на гласање 36,09 отсто или 1,195 милиони гласачи.
За споредба, во 2019 година до 16:30 часот на гласање излегле 1,343 милиони граѓани. Процентуално, 38,8% од вкупно 3,85 милиони регистрирани гласачи гласале во 2019 година. Тогаш бираа меѓу 11 кандидати, пренесува 24sata.hr.
Пред десет години, во првиот круг од претседателските избори, до 16.30 часот гласаа 1,24 милиони гласачи или 36,36 отсто. Граѓаните можеа да избираат меѓу четири кандидати.
На претседателските избори во првиот круг од 2009 година излезноста до 16 часот беше 33,87%, додека на претседателските избори во 2005 година беше 42%.