Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека имал отворен и тежок разговор со потсекретарот на Соединетите Американски Држави за економски раст, енергија и животна средина, Хозе Фернандез, на тема енергија и можни санкции против НИС.
Посебна тема на разговорот меѓу претседателот Вучиќ и американскиот потсекретар биле санкциите, кои ќе и бидат соопштени на јавноста во наредните денови.
„Отворен, искрен и тежок разговор со Фернандез. Разговаравме за важни прашања од билатералната соработка меѓу Србија и САД, особено во областа на енергетиката.
Санкциите беа посебна тема, а за неколку дена ќе можам да ги откријам сите детали. Секако, немам премногу добри вести за граѓаните на Србија, но Србија ќе ја зачува својата стабилност и енергетска безбедност“, напиша претседателот Вучиќ на социјалните мрежи.