Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

УНИКАТНИ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА: Ладно боење дава најубави шари во боите на виножитото

28 март 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Русинките имаат посебен начин на бојадисување јајца кој едноставно создава магија! Имено, прво ги ладат, па дури потоа ги бојат. Процесот на боење е многу едноставен, а за Велигден ќе добиете совршени јајца! Апсолутно сите ќе бидат воодушевени, па затоа вреди да се проба.

Потребно ви е:

– бои во кесички
– ладна, претходно зовриена вода
– разладен оцет
– неколку салфетки
– стапчиња за уши
– онолку ластичиња колку што јајца ќе бојадисувате

Постапка на боење: Сварете ги јајцата на вообичаен начин и оставете ги целосно да се изладат. Потоа ставете по една кесичка боја за јајца во секоја чашка. Прелијте со лажица ладна вода и додадете лажица изладен оцет, а потоа измешајте ја содржината на секоја чаша за убаво да се раствори бојата.

Секое јајце посебно завиткајте го во салфетка (ако е повеќеслојна, одвојте ги слоевите и употребете по еден за секое јајце). Врзете со ластиче, па натопете памукче во бојата и спорадично нанесувајте на јајцето.

Кога ќе се нанесе од бојата насекаде, оставете да се исуши 15 минути. Потоа одвиткајте ја салфетката. Вашите прекрасни велигденски јајца се подготвени! Деталната процедура за овој начин на боење јајца можете да ја погледнете во видеото во продолжение:

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ