На социјалните мрежи вирално стана видео од свадба во Љубушки во Босна и Херцеговина, но не од позитивни причини.
Традицијата го диктира верувањето дека девојката што ќе го фати букетот фрлен од невестата со свртен грб, е следната што ќе оди пред олтарот.
Некои девојки на споменатата венчавка ова го сфатиле толку сериозно што тепачката за бидермаер изгледала како прашање на живот или смрт.
Кога невестата го фрлила бидермаерот по одбројувањето, девојките потрчале да го фатат, а набрзо симпатичниот обичај се претворил во вистинска тепачка.
Кога по некое време толпата се расчистила, на подот имало три жени, кои во свечени фустани се бореле на подот и се грабале околу бидермаерот, држејќи го сите три цврсто. Никоја од нив не сакала да попушти, а некои девојки кои случајно се нашле таму се обиделе да ги разделат.
Иако расплетот на ситуацијата не заврши на видеото, а не го знаеме официјалниот победник, повеќето коментари под објавата се осудувачки.
„Каков блам и срам. Без никакво достоинство. Не ми е јасно дека некој верува во бајки за бидермаер“, „Жал ми е за оној што ќе се ожени за еден од овие што се борат за бидермаерот“, „Секоја жена сака да се омажи, а по 30 се ќе проба“, „Го допревме дното“, се само дел од коментарите