Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Русија и подари 447 кози на Северна Кореја

14 август 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Подарокот од Москва уследи по неодамнешната средба помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Козите се од Ленинградската област, а доставени се во севернокорејскиот град Расон.

- Козите ќе обезбедат млечни производи за локалните деца, со што треба да се намали недостигот на храна во Северна Кореја, кој во голема мера е предизвикан од владините политики. Ситуацијата со недостигот на храна дополнително се влоши за време на пандемијата со Ковид-19, наведе бриселскиот портал „Политико“.

Според „Хјуман рајтс воч“ (Human rights watch), 10,7 милиони од 25,9 милиони луѓе во Северна Кореја се ненахранети, а 18 отсто од децата имаат застој во растот поради хронична ненахранетост.

Северна Кореја отворено ја поддржува руската инвазија врз Украина и е обвинета за снабдување со оружје што им помага на руските сили на бојното поле. И Москва и Пјонгјанг негираат дека Пјонгјанг испраќа оружје и муниција за руските сили.

За време на неодамнешната посета на Путин во Северна Кореја, двајцата лидери потпишаа договор со кој се обврзаа на „заемна помош во случај некој да ги нападне“. Тоа е дел од сеопфатниот договор, што опфаќа од образование до земјоделство и туризам. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ