Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Ограбил златарница, па налетал на посилен од себе- ќотекот ќе го памети додека е жив (ВИДЕО)

14 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Камерите го снимиле 27-годишниот престапник како шета низ продавница за накит во градот Карагуататуба и му предава ранец на вработен. Изгледа жената ги ставила парите во ранецот пред тој да исчезне од камерите.

Осомничениот потоа бил виден како претура низ витрините, како го пакува светкавиот накит во ранецот. Неколку моменти подоцна, улична надзорна камера го снимила како бега, пишува Дејли мејл.

Во исто време, непознат маж се гледа како трча од спротивната страна на улицата и го брка разбојникот. Кога го стигна, буквално го „тресна“ на земја.

Разбојникот успеал да го задржи ранецот, но мажот употребил специјална техника за целосно да го неутрализира. После тоа се оддалечил...

Набрзо пристигнала полицијата и запленила оружје, вреден накит, како и два мобилни телефони. Осомничениот бил пренесен во локалниот Ургентен центар, каде му била укажана лекарска помош.

Потоа бил приведен во полициска станица и се соочува со обвинение за разбојништво.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ