Авионот Ербас А319 на хрватската компанија Кроација ерлајнс на релација ОУ486 на летот од Загреб за Стокхолм е на превентивен технички преглед откако бил оштетен од куче, пишува порталот Авиорадар.
Кучето го оштетило багажниот простор, а инцидентот наводно се случил на 30 септември годинава.
Се додава дека кучето било во согласност со прописите во багажниот простор на авионот и дека по качувањето било ослободено од кафезот.
Патниците потоа биле симнати и префрлени во друг авион, а прегледот на багажниот простор открил дека кучето направило штета.
Превозникот тогаш одлучил превентивно да го извади авионот од сообраќај и да го испрати на технички преглед, каде што се уште се наоѓа.