Vreme.mk - Дознај на Време.

Живот

Амбасадорката на Украина Лариса Дир го посети Бигорски и манастирот во Рајчица

30 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

- Нашата Света Обител ја имаше честа да ја пречека  амбасадорката на Украина Лариса Дир заедно со нејзината придружба. Ценетата гостинка го посети и Манастирот на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец во Рајчица, каде што имаше можност да се сретне со нашиот Старец, Епископ Антаниски г. Партениј, информираа од Бигорски манастир.

Додаваат дека во срдечна атмосфера на претпразнично очекување на Рождеството Христово, владиката и амбасадорката ги споделиле „своите обострани желби и молитви за мир во Украина, за покој на душите на многуте загинати и за утеха во семејствата на сите оние што страдаат од последиците на војната“.

-Амбасадорката изрази благодарност за можноста да го посети Манастирот, а на сестрите од овој  манастир им посака светлина, просперитет и заштита, нагласуваат од Бигорскиот манастир. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ