Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Заводник од „латино сапуници“ е осуден за убиство, ќе оди 5 години во затвор (ФОТО)

5 февруари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Иако за инцидентот кој ја шокираше јавноста требаше да се соочи со максимална казна од 15 години затвор, Лајл ќе мора да помине пет години зад решетки. Во моментот на несреќата, Лајл бил со својот придружник и двајцата рекле дека се плашеле за сопствената безбедност откако Хернандез излегол од неговиот автомобил.

Хернандез наводно го удрил стаклото од возачката страна, по што налутениот актер излегол од возилото и почнал да вика: „Не удирај по прозорецот!“ Тој исто така нагласи дека не видел физичка пресметка меѓу неговиот братучед и Хернандез, кој починал четири дена подоцна во болница од трауматска повреда на мозокот.

Сепак, видеото покажува поинаку. Хернандез почнал да удира по прозорецот дури кога Лајл излегол од автомобилот, а Лајл се гледа како го напаѓа човекот откако тој веќе почнал да се враќа во неговиот автомобил. Снимен е и точниот момент на ударот, кога Хернандез практично ја отворил вратата од својот автомобил. Лајл тврдеше дека го удрил човекот во самоодбрана, додавајќи дека се плашел дека прво ќе го нападне и дека бил вооружен, а не бил. Тој додаде дека тогаш неговите деца биле исплашени.

Актерот се појави во продукцијата на Нетфликс „Yankee“, а неговиот прв голем ангажман беше главната улога во „La sombra del pasado“.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ