Vreme.mk - Дознај на Време.

Забава

Софија Вергара ја истакна бојата којашто е тренди и оваа сезона

30 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

 Колумбиската глумица го привлече вниманието со својот бордо фустан по роденденската вечера во Париз, каде што присуствуваше оваа сабота.

Актерката се прошета во тесниот фустан, со цветен украс на вратот, а фотографите ја сликаа додека го напушташе ресторанот „Монден“ во француската престолнина. Таа ја усогласи тоалетата со елегантен „макси“ капут во истата нијанса и мала сребрена чанта.

Бордо стана синоним за софистицираност и силно изразена елеганција, моќ и луксуз. И дизајнерските куќи како „Ив Сен Лоран“, „Ферагамо“, „Гучи“ и „Том Форд“ го потврдија трендот со таа боја, создавајќи привлечни парчиња облека со бордо нијанси на своите модни ревии изминатава 2024 година, коишто ги воодушевија модните критичари ширум светот.

Познатите дами како Кејт Мидлтон ја истакнаа бојата во неколку наврати, а сега и Софија покажа како да се комбинира или да се носи цела облека во само една боја, велат познавачите. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ