Девојчињата се степале откако Џеси заборавила повторно да пушти вода во тоалетот, објави Дејли Меил.
Тинејџерката, чиј идентитет не се соопштува, ја чекала Џеси во тоалетот и ја избодела најмалку десет пати со месарски нож.
Родителите на девојчињата не биле дома во моментот на нападот.
Девојчето подоцна било префрлено во болница, но за жал не можело да се спаси.
"Ова е најтешкиот момент во мојот живот. Вакво нешто не можев да замислам ниту во моите најлоши кошмари", рекол таткото на девојчињата.
Тој додаде дека тие двете често се расправале, но дека тој и неговата сопруга мислеле дека тоа е нормално за девојчињата на нивна возраст.
„Сите браќа и сестри се караат, тоа е нормална работа. Овие тепачки никогаш не прераснаа во насилство, тие само се туркаа една со друга. Ова е сосема неочекувано“, рече тој.
Тинејџерката по нападот прво го повикала својот татко, а потоа и брзата помош.
„Беше мирна, не покажуваше никакви емоции“, рече полицаецот.
Тинејџерката се наоѓа во малолетнички притвор и се соочува со обвинение за убиство од прв степен.
Погребот на девојчето ќе се одржи утре.