Уредникот на Скај Њуз за надворешна политика, Доминик Вагорн, предупреди дека на Блискиот Исток е во тек „војна со балистички проектили“ откако Иран истрела стотици проектили кон Израел.
„Ова е многу, многу сериозен момент за Блискиот Исток, но мислам дека за целиот свет, и мораме да се запрашаме што следува."
Се разбира, можеме да се потсетиме на Aприл, кога Иран го започна својот прв директен напад врз Израел. Тогаш сè изгледаше речиси ритуално, како одговор на израелскиот напад врз иранското конзуларно претставништво во Дамаск.
Тогаш Иранците однапред го предупредија Израел и нивните сојузници дека ќе има напад. Нападот беше одбиен со леснотија. Но, овојпат Израелците јасно ставија до знаење дека ќе одговорат со сила и очекуваат Американците да им помогнат во тоа.
"Она на што сме сведоци е потенцијална војна со балистички ракети. Токму тоа се обидоа да го избегнат Американците испраќајќи големи воени сили во регионот. Тие се обидуваа да ги предупредат Иранците да не се мешаат во овој конфликт“, напиша Вагорн во анализата.