Беспилотни летала долетале во Пјонгјанг во текот на ноќта и фрлиле „голем број“ летоци против Северна Кореја во главниот град минатата и оваа недела, се вели во соопштението.
Упадот на дронот бара одмазднички дејствија, предупредува севернокорејското министерство, а истовремено ја повикува Јужна Кореја да престане со таквите акции.
- Оваа неодговорна и опасна провокација, која може да доведе до вооружен конфликт, па дури и до војна меѓу двете страни, треба веднаш да престане, се вели во соопштението.
Јужна и Северна Кореја технички сè уште се во судир откако нивната војна, која траеше од 1950 до 1953 година, заврши со примирје, а не со мировен договор./МИА