Група републикански сенатори ја бркале директорката на американската тајна служба Кимберли Читл
низ арената каде што се одржува Републиканската
национална конвенција, барајќи од неа да одговори на прашањата во врска со
обидот за атентат врз поранешниот претседател Доналд Трамп, пренесува Си-Ен-Ен.
„Ова беше обид за
атентат! Му должите на народот одговори. Му должите одговори на претседателот
Трамп!“ Сенаторката од Тенеси Марша Блекбурн и викаше на Читл, која продолжи да
оди со наведната глава и да ги игнорира критиките на сенаторите.
Конфронтацијата
дојде откако Трамп се сретна со Читл во вторникот за да добие приватен, личен
брифинг за обидот за атентат, рече извор запознаен со состанокот.
На настанот
организиран од Си-Ен-Ен и Политико на републиканската конвенција во четвртокот,
Крис Ла Сивита, главен советник на Трамп, се согласи со прашањето дали Читл
треба да поднесе оставка.
Читл изјави во
интервју за Си-Ен-Ен во вторникот вечерта дека американската тајна служба е
„единствено одговорна“ за спроведувањето и извршувањето на безбедноста на
местото на собирот во саботата.