Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Петмина туристи загинаа во лавина во Австрија

5 февруари 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Нови жртви денеска беа потврдени и покрај повикот на властите за внимателност поради лавините и обилниот снег.

По неколкудневните обилни врнежи и ветар, австриските власти го подигнаа нивото на предупредување за лавина на ниво 4 од 5. Скијачките центри се преполни бидејќи во областа Виена во февруари има училишни одмори. Телото на 59-годишен маж денеска е откопано од снегот, соопшти полицијата во западниот регион Тирол.

Во областа Санкт Антон ам Арлбег вчераутро биле пронајдени телата на 29-годишник и 33-годишник кои скијале надвор од патеката. Извлечено е и телото на 62-годишен маж кој не се вратил од скијање во областа Хохе Аифнер, изјави портпаролот на полицијата.

Вчера, портпаролот на тиролската полиција изјави дека 17-годишен Новозеланѓанец загинал во лавина во Калтенбах, а 32-годишен Кинез загинал во петокот во ски-центарот Соелден. Двајцата скијале надвор од патеката. Вчера утро, во соседниот регион Форарлберг е пронајден мртов скијач, 50-годишен маж кој загинал во лавина во долината Клајнвалсертал, која граничи со Германија.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ