Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Пакистан ги отфрла американските тврдења дека неговата ракетна програма е закана за САД

21 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Американскиот заменик-советник за национална безбедност, Џон Финер изјави претходно оваа недела дека пакистанскиот развој на балистички ракети со долг дострел станува се поголема закана.

Пакистанското Министерство за надворешни работи изрази жалење што САД ги сметаат за закана.

-Тие тврдења се неосновани, немаат врска со разум и чувство за историја, соопштуваат од министерството.

Министерството нагласи дека ракетната програма ја развива исклучиво заради одбрана на суверенитетот и одржување на регионалната стабилност и дека тоа не треба да се толкува како закана за ниту една земја.

Министерството ја истакна и долгата историја на соработка на Пакистан со САД, особено во борбата против тероризмот и порача дека е посветена на конструктивна соработка за сите прашања, вклучително и регионалната стабилност и безбедност.

Односите меѓу Вашингтон и Исламабад имаа подеми и падови. Двете земји соработуваа за време на Студената војна и во борбата против Ал Каеда по терористичките напади на 11 септември.

Односите се влошија поради државните удари на пакистанската војска, поддршката за талибанската влада од 1996 до 2001 година во Авганистан и нуклеарната програма.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ