Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Анкета: Повеќето Палестинци сметаат дека нападот на Хамас на 7 октомври бил грешка

17 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Истражувањето покажа голем пад на поддршката за тој напад, по што следеше израелската офанзива на Појасот Газа.

Анкетата, спроведена на почетокот на септември од страна на Палестинскиот центар за политика и истражување (ПСР), покажа дека 57 отсто од испитаниците во Појасот Газа сметаат дека одлуката за напад на Израел на 7 октомври е погрешна, додека 39 отсто сметаат дека е исправна.

Паднала и поддршката за тој напад на Западниот Брег, иако мнозинството од испитаниците, 64 отсто од нив, сепак, сметаат дека тоа е правилна одлука, се вели во истражувањето.

ПСР објави дека нивното ново истражување за првпат покажало дека поддршката за нападот на Хамас врз Израел и на Западниот Брег и на Појасот Газа значително опаднала, како и очекувањата дека Хамас ќе победи во војната.

Истражувањето покажа дека бројот на испитаници во Појасот Газа кои го поддржуваат Хамас паднал од 38 на 35 отсто. Но, Хамас останува попопуларен од Фатах, предводен од претседателот Махмуд Абас, и во Појасот Газа и на Западниот Брег. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ