Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Американската администрација побара од Израел да ја подобри хуманитарната ситуација во Газа

15 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден испрати писмо до израелската Влада во кое бара таа да работи на подобрување на хуманитарната ситуација во Газа во следните 30 дена или ризикува да ги прекрши американските закони со кои се регулира странската воена помош, јави Си-Ен-Ен.

Писмото, заеднички напишано од американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министерот за одбрана Лојд Остин, беше упатено до израелскиот министер за одбрана Јоав Галант и министерот за стратешки прашања Рон Дермер. 

Барањето претставува нов чекор на САД во обидот да го принудат Израел да ја олесни испораката на хуманитарна помош во Газа. 

Во писмото, исто така, се наведува дека Стејт департментот и Министерството за одбрана, според американскиот закон, „мора постојано да проценуваат“ дали Израел ги следи гаранциите што ги даде претходно оваа година дека нема да го ограничи протокот на помош во енклавата. 

Рокот од 30 дена истекува по претседателските избори во САД на 5 ноември.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ