Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Салцбург е последниот патник на Светското клупско од Европа

19 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

По елиминацијата на Арсенал од Лигата на шампионите, последниот патник на Светското клупско првенство ќе биде австрискиот шампион Салцбург. Арсенал ќе избореше место на СКП само ако ја освоеше ЛШ, но испадна, а тоа значеше славје за Салцбург кој ќе биде 12-тиот патник на клупскиот Мундијал.
Меѓу другите клубови кои нема да учествуваат на СКП се Манчестер Јунајтед, Ливерул, Барселона, Милан, Интер Мајами, Ал Наср…
Од Европа покрај Салцбург ќе играат Челзи, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Баерн, ПСЖ, Интер, Порто, Дортмунд, Бенфика, Јувентус, Атлетико Мадрид.
Од Јужна Америка сигурни се Фламенго, Палмеирас, Флуминенсе, Ривер и Бока.
Од Северна Америка сигурни се Сиетл од МЛС, мексиканските Леон и Монтереј и уште еден тим од КОНКАКАФ зоната (финалето е на 2 јуни).
Од Азија засега сигурни се Ал Хилал од Саудиска Арабија и Урава од Јапонија, од Африка местото го имаат Ал Ахли од Египет, Казабланка од Мароко, потоа од Океанија тимот на Оукленд сити.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ