Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Пеп за повредата на Халанд: Фудбалерите не се роботи!

19 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Манчестер Сити се здоби со голем удар во трката за титулата во Премиер Лигата во пресрет на натпреварот против Челзи во сабота во рамките на ФА купот. Сити веќе подолго време се мачи со повреди и очигледно е дека густиот распоред ќе носи нови проблеми за граѓаните. Во средата во натпреварот против Реал Мадрид, ѕвездата Ерлинг Халанд мораше да ја напушти играта по крајот на регуларното време. Норвежанецот најверојатно нема да игра против Челзи поради ситна повреда.

“Ерлинг почувствува мускулен проблем, поради што рече дека не може да продолжи и затоа мораше да биде заменет. Де Брујне се чувствуваше уморен, што е нормално по повредата од пет месеци. Ќе треба да видиме во наредните часови и да направиме детални проверки на повредата. Бројот на натпревари и оваа и минатата сезона прави потешкотии за играчите. Тие се само луѓе, не се машини”, изјави Гвардиола.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ