Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Де Роси: Мораме да одиграме перфектно ако сакаме победа над Баер (Л)

1 мај 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Тренерот на Рома, Даниеле Де Роси верува во шансите на неговата екипа да го предизвика и елиминира новиот германски првак Баер Леверкузен во полуфиналето на Лигата на Европа. Иако противникот е во рекордна серија од 46 меча без пораз, Роси е убеден во квалитетите на своите момци.

„Мораме да ги притиснеме и да ги натераме да се движат кога ја немаат топката“, изјави Де Роси. „Имаат многу добри играчи кои добро додаваат, имаат и опасни напаѓачи. Но, ако ја држите топката подалеку од нив, тие стануваат нервозни, губат рамнотежа и форма“, смета Италијанецот.

„Мораме да одиграме перфектно во двете фази, бидејќи ако не губат и секогаш израмнуваат во последните секунди, тогаш имаат нешто посебно“, смета Де Роси.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ