Вечерва во третото коло од групата 2 во дивизијата А на Лигата на нации на УЕФА, Италија одигра 2:2 со Белгија, додека Израел загуби дома од Франција со 1:4. Во Рим се играше дербито на денот, во кое Белгија пристигна без Де Брујне и Лукаку, губеше со 2-0 во 24. минута, но до крајот успеа да израмни, пред се поради исклучувањето на Пелегрини по кое Италија остана со играч помалку.
Головите за Италија ги постигнаа Камбиасо 1′ и Ретеги 24′, додека Белгија израмни преку Де кујпер 42′ и Тросар 61′.
Израел на неутрален терен во Будимпешта ја пречека Франција и не можеше ништо, иако гостите пристигнаа без капитенот Мбапе и Гризман, кој пред неколку дена се прости од репрезентацијата. „Триколорите“ славеа со 1:4.
Головите за победа на Франција ги постигнаа Камавинга, Нкунку, Гендузи и Баркола.