Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Евертон ја доби директната пресметка за опстанок со Нотингем Ф. (ВИДЕО)

21 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Евертон ја продолжува грчевитата битка за опстанок во Премиерлигата на најдобар можен начин. Денеска во директната пресметка за опстанок, „карамелите“ пред своја публика извојуваа голема победа над екипата на Нотингем Форест до 2:0 и со трите бода успеаја да се одлепат од црвената зона.

Гуеје го отвори резултатот во 29. минута (ВИДЕО), а точка на победата стави МекНеил со голот во 76. минута на средбата. Со оваа победа Евертон сега е на 16. место на табелата со 4 бода предност пред Нитингем Форест кој е на последната позиција која обезбедува опстанок и пет бода предност пред Лутон кој ја предводи листата на екипи кои ожат да се преселат во Чемпионшип.

Everton [2]-0 Nottingham Forest- Mcneil 75′
byu/Chelseatilidie insoccer


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ