Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Браво и за двајцата: По мечот Пикси и Џака се поздравија и прегрнаа! (ВИДЕО)

12 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

По мечот во Лесковац, на кој Србија со 2:0 ја победи Швајцарија во Лигата на Нации, проследивме неверојатна сцена која е хит на овие балкански простори.

Познато е што мислат Србите за капитенот на Швајцарците, Грнит Џака, во текот на мечот постојано го исвиркуваа, но и тој а и селекторот на домашните Драган Стојковиќ – Пикси, покажаа дека се големи спортсмени.

Имено пред тунелот кој води кон соблекувалните на стадионот во Лесковац, Пикси и Џака прво се поздравија а потоа и се прегрнаа, секако дека си разменија неколку зборови.

Пикси пред мечот кажа дека Џака е еден од најдобрите играчи за врска во Европа.

Браво и за двајцата!


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ