Vreme.mk - Дознај на Време.

Македонија

Телата извадени од излетаниот автомобил се на три женски лица, се трага по машко лице

2 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Трите тела кои вечерва беа извадени од излетаниот автомобил во Вардар кај Рашче, се на женски лица, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Тој истакнува дека автомобилот кој излета во реката е извлечен и во него биле пронајдени безживотните тела.

„Потрагата по четвртото машко лице кое најверојатно од возилото излетало во водите на Вардар продолжува“, додава Ангелов.

Детето кое било пронајдено од случајни минувачи на местото на несреќата е контактибилно и во стабилна состојба.

Свесно, контактибилно, без видливи знаци за надворешни повреди е четиригодишното дете кое попладнево беше донесено во Клиничкиот центар во врска со излетувањето на автомобилот во водите на Вардар кај Рашче, вели за Курир директорот на Клиниката за Детска хирургија, Лазо Јовчески.

Детето било примено во Ургентниот центар, по што била повикана екипа од Детска хирургија која го превземала за натамошни испитувања.

-Поставено е на мониторинг, направени се анализи и КТ. Имаше мала хипотермија која брзо се регулираше. Згрижено е на одделот за интензивно лекување и е во стабилна состојба. Ќе биде задржано на опсервација, вели Јовчески.

Според извори на Курир, на Детска хирургија пристигнала и мајката на детето кое претходно, на местото на несреќата, беше пронајдено од случајни минувачи.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ