Собранието, во рамките на поладневниот дел од работата по дневниот ред од 14. седница, ја заврши расправата за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа и забавни игри, во прво читање, предложен од пратениците од Европскиот фронт, и со 64 гласа „за“ и 13 „против“ заклучи дека не е прифатлив и оти не може да се даде на натамошно читање.
Пратениците од Европскиот фронт го посочија нивното незадоволство со моменталниот Закон за игри на среќа и забавни игри, како и потребата од ограничувања на игрите на среќа.
Пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека се согласува со дел од забелешките на пратениците од Европскиот фронт, но додаде дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржат ова законско решение бидејќи тоа служи за заштита на криминалот и на бизнис интересите на некои луѓе од ДУИ.
Седницата продолжува утре во 12 часот.