Граѓани чистеле дворот
Општината
пријавила дека се узурпирало земјиштето.  Полицијата се појавила на терен, а
денес ќе постапува и обвинител.
Од Обвинителството за МКД.мк велат дека добиена е пријава од
општината, а треба да се утврди дали се изведуваат недозволени градежни работи
во близина на магистрален пат. Полицијата пристигнала на место додека граѓани
„Полицијата
излегла на терен по пријава добиена од Општина Врапчиште. Инспектори пријавиле
дека се вршат недозволени работи во близина на магистрален пат. Наводите од
пријавата се проверуваат и денес јавен обвинител ќе излезе на терен за да
утврди за што се работи“, велат од Обвинителството.
На видеото кое е
објавено на социјалните мрежи се гледаат лица кои работат на расчистување на
теренот, полиција и неколку полициски возила, меѓу кои и марица. Тие велат дека
ја средуваат црквата, но полицијата добила насоки од обвинител сите да бидат
приведени.
„Сакале да нѐ
приведат, сме узурпирале место. Или ќе нѐ приведат сите, или ниту еден. Ја
чистиме црквата, ја средуваме, добиле насоки од обвинител да нѐ приведат сите,
ако останеме, да го одземат багерот“, вели жител на снимката.