Чудна ситуација
на митингот од ДУИ се случи вчера. Артан Груби се качи на бината и побара да се
тргнат знамињата, но бидејќи не знаеше турски се обрати на албански, па на
македонски па праша како треба да каже на турски за и турските знамиња да ги
нема пред камери.
Долу знамињата, долу! Tргнете се, бре. На десно, пред
камерите ниедно знаме! Пред камерите
ниедно знаме, викаше Артан Груби на албански и на македонски
јазик, на митингот на ДУИ во Скопје, објави ТВ 21 на својата страна на Фејсбук.
Нејасно е зошто
Артан груби го побара ова, а на митингот можеа да се забележат албански, турски
и американски знамиња, но не и македонско.