<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">За големите
редици за ваучерите за инвертер-клими пред салата „Борис Трајковски“ и за време
на работно време, министерката за енергетика и рударство, Сања Божиновска
денеска појасни дека не можело да се продолжи со испраќањето на ваучерите до
граѓаните преку пошта. Според неа, начинот е променет поради тоа лицата треба
да го потпишат и договорот.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">-Процесот со
Пошта е малку подолг и тие договори треба да се вратат назад. Така да сметавме
дека ова е покорисно и поефикасно. Секако рокот е до крајот на месецот, не мора
да се зема цел работен ден. Во министерството ќе имаме повеќе луѓе. Овозможивме
на 30 места низ Македонија да се делат ваучерите, не мора сите во Скопје да
доаѓаат. Рокот е до 30 ноември за да се купат. Колку што знам, нема рок до кога
треба да ги инсталираат. Најбитно е да се платат и да се искористат, рече
Божиновска пред новинарите.</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">-Има 24 дена за
да се подигнат 6100 ваучери. Сметам дека нема потреба да се чека толку во ред.
Може да дојдат и кај нас во министерство. Не значи дека ако денес не го земат
ваучерот, нема да се подигне, додаде министерката.</span>