Цените на становите непрекинато растат, од месец за месец се
крева цената на квадратот, но како се креваат цените така и се повеќе се гради.
Она што е зачудувачки во ваква ситуација, се повеќе се купува. А колку чинат
сега становите во Скопје каде најмногу се купуваат.
Кога одлучувате да купите стан, 100.000 евра може да
изгледаат како значителна сума, но какви опции реално нудат различните населби
во Скопје.<span style="mso-spacerun:yes"> </span>Карпош и Аеродром нудат добра
комбинација на цена и услови за живот, Центар е скап ама атрактивен, додека
Ѓорче Петров и Кисела Вода нудат простор и мир.
„При изборот на стан, важно е да се разгледаат не само
цените, туку и квалитетот на животот, инфраструктурата и достапноста на услуги.
Секој купувач треба да ги разгледа своите приоритети и да избере населба која
најдобро одговара на неговите потреби“, изјави експертот за недвижности, Марко
Николов, за <a href="https://denar.mk/312452/ekonomija/aerodrom-centar-karpos-ili-gjorce-petrov-kakov-stan-moze-da-se-kupi-za-stoiljadi-evra">Денар.</a>
Во Карпош, една од најпопуларните населби, особено за
семејства со мали деца, за 100.000 евра можете да најдете станови со површина
од 60 до 75 квадратни метри.<span style="mso-spacerun:yes"> </span>Овде цените
се движат околу 1.300 до 1.500 евра за квадратен метар, па и повисоко.
Аеродром, познат по новите стамбени комплекси, нуди слични
опции. За 100.000 евра, можете да најдете стан со површина од 65 до 85
квадратни метри. Цените на квадратен метар во оваа населба се движат околу
1.150 до 1.500 евра.
Центарот, како срцето на Скопје, нуди многу опции, но цените
се значително повисоки. За 100.000 евра, можете да најдете мали станови, обично
со површина од 40 до 55 квадратни метри. Цените во Центар се околу 2.000 евра
за квадратен метар. <span style="mso-spacerun:yes"> </span>
Во Ѓорче Петров, цените се многу поприфатливи. За 100.000
евра, можете да најдете стан со површина од 80 до 100 квадратни метри. Цените
тука се околу 1.000 до 1.200 евра за квадратен метар.
Кисела Вода е уште една населба каде што можете да добиете
добар стан за 100.000 евра. За овие пари, можете да најдете станови со површина
од 70 до 90 квадратни метри, со цени од 1.100 до 1.300 евра за квадратен метар.