Прво ревизија, па
после завршување на објектите за ФИНКИ и Физичка култура. Објектите кои
минатата власт ги стопира, треба да бидат проверени и да се утврди колку ќе
треба да се доплати за да се завршат.
Двата објекти сега
ја чекаат ревизијата за да се знае колку ќе чини доизградбата, а тендер за
завршување на зградите се најавува в година.
Студентите од
ФИНКИ со години чекаат на нов објект и користи простории на три други факултети
во кампусот на техничките факултети.
Обидите да добие
свој објект траат уште од 2015 година, кога започна да се гради нова зграда во
склоп на кампусот со општествени факултети при УКИМ, но по недели четири години
таа беше стопирана откако изведувачот „Бетон“ од Штип отиде во стечај. Ветувања
се слушаат со години, но на терен останува да зјае само карабината. Започната
да се гради веднаш до него, истата судбина ја дели и објектот каде треба да се
смести Факултетот за физичка култура (ФФК).
Според МОН за
зградите на двата факултети не се знае колку пари ќе треба да се потрошат. Тие,
како што велат, во меѓувреме се оштетиле, а биле и мета на крадци, па треба да
се направи проценка што недостасува, пренесе РСЕ.
„Поради негрижа
на претходното раководство на Владата, објектите на ФИНКИ и ФФК се оштетени од
временските услови, а извршени се и повеќе кражби на дел од тоа што е
изградено. Зошто во изминатите седум години не е посветено внимание и не се
обезбедени средства за завршување на објектите, потребно е да ги прашате
претходните раководства. Новото раководство ќе направи ревизија на
реализираните активности, која е во тек и по завршување ќе се утврди износот
кој ќе се вложи за завршување на изградбата“, велат од МОН за Радио Слободна
Европа (РСЕ).
Тендерска
постапка, додаваат, ќе се започне следната година.
На Факултетот за
физичка култура за претстојната академска година има 300 слободни места (160
редовни и 140 вонредни), а според конечните резултати објавени во петокот (6
септември) во првиот уписен рок се пополниле 138. На ФИНКИ, пак, има 1.020
слободни места (сите редовни) за студенти во прва година, а на првиот конкурс
се пополниле 732, што го прави еден од најпопуларните меѓу бруцошите.
Финки лани беше
рекордер според бројот на запишани студенти. Во академската 2023/2024 имало
4.722 студенти.