систем во Собрание каде имаше разгледување
на годишниот извештајот на ДКСК за борбата против корупцијата, на сите кои
тврдат дека се залагаат за индивидуална одговорност во правосудството им порача
да побараат оставка од Чачорова Илевска, член на Судскиот совет на Македонија и
поранешен советник за правда на бившиот премиер Заев, како и поранешен
раководител на партиската комисија на СДСМ.
отфрлање на иницијативата на ДКСК за утврдување на одговорноста на судиите кои
се членови на управниот одбор на Академијата за судии, а во врска со пресудата
на Вишиот управен суд кој со пресуда потврди дека АСЈО го прекршила членот 8-а
од изборниот законик.
иницијатива заради ненавремено поднесување на истата, но од ДКСК со соопштение
реплицираа дека поднесокот е навремен бидејќи истиот е пратен во рокот од 15
дена од приемот на пресудата на Вишиот управен суд , со која се потврдена
повредата на изборниот законик од страна на АСЈО.