Vreme.mk - Дознај на Време.

Бизнис

Русија ПОТРОШИ 82 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ на војната?

25 ноември 2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Русија од 24 февруари потрошила 82 милијарди долари или четвртина од својот годишен буџет за војната во Украина, проценува Форбс Украина.

Буџетските приходи на Русија во текот на 2021 година изнесуваат 340 милијарди долари, што значи дека Руската Федерација веќе потрошила четвртина од минатогодишните приходи за воени операции.

Оваа проценка ги вклучува директните трошоци кои се неопходни за поддршка на воените операции, но не ги вклучува редовните трошоци за одбрана или потенцијалните загуби што Русија ги претрпе поради намалениот извоз на нафта и гас во европските земји, бидејќи приходите од федералниот буџет од извозот на енергија се намалуваат.

Русија пред почетокот на војната во Украина заработувала околу една милијарда долари дневно од извоз на енергетски производи, пишува Гардијан.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ