Во денешниот свет на брзи промени и неограничени можности, младите и жените претприемачи играат клучна улога во обликувањето на иднината. Халкбанк, како водечки финансиски партнер, цврсто стои зад нивната амбиција, поддржувајќи ги да ги претворат своите идеи во успешни бизнис приказни. Оваа поддршка е клучна во рамките на настани како Women Economic Forum Balkans каде што се разговара на теми како создавање на бизнис подлога за успех во кариерата на жените, вмрежување на жените и оддржливост на бизнисите.
Women Economic Forum Balkans, што се одржуваше од 2ри до 3ти октомври, претставува уникатен простор на кој жените лидери и претприемачи имаа можност да ги споделат своите искуства, да создадат нови партнерства и да ги инспирираат оние кои се на пат да ги изградат своите деловни успеси. Со тоа што Халкбанк е поддржувач на овој настан, не само што ги поттикнува жените да се охрабрат и да влезат во светот на бизнисот, туку активно придонесува кон создавање на глобална мрежа за поддршка.
Од друга страна, банката се јавува како поддржувач и на настани каде што се едуцираат, инспирираат и вмрежуваат младите претприемачи, каков што е настанот Your Network is Your Net Worth. Овој настан по вторпат се одржа на 4ти октомври во организација на Унијата на млади претприемачи Phoenix Rising. Your Network is Your Net Worth е извонреден пример за тоа како младите од Балканот можат да дојдат до нови можности преку соработка и поврзување.
На овој начин, Халкбанк не само што го зацврстува своето присуство во светот на бизнисот, туку и активно инвестира во иднината на младите и во подемот на жените во претприемништвото. Целта на банката е да создаде опкружување каде што идеите можат да се развиваат, а младите лидери да имаат пристап до поддршка што ќе им помогне да ги реализираат своите визии.
Така, во насока на посветеност на женското претприемништво, банката го нуди иновативниот Пакет за жени, кој на жените претприемачи им обезбедува основни алатки за нивниот бизнис развој и финансиско управување, овозможувајќи им лесен пристап до кредитирање, прифатливи банкарски услови и ексклузивни услуги за подобро финансиско планирање. Преку овој пакет, Халкбанк ја демонстрира својата решителност да биде сојузник на секоја жена која се стреми да успее во светот на бизнисот.
Од друга страна пак, стартапите како двигатели на економскиот раст, ја добиваат содветната финансиска поддршка преку Пакетот за финансирање на стартапи на Халкбанк, преу кој банката им обезбедува на младите визионери финансиска поддршка за реализација на нивните идеи. Оваа услуга нуди флексибилни решенија за кредитирање, совети за управување со бизнисот и поддршка во сите фази од растот на компанијата.
Со континуирана поддршка на ваков тип настани, Халкбанк не е само препознатлив финансиски партнер, туку и ментор и поддржувач на младите претприемачи од Балканот. Банката верува дека инвестицијата во младите е инвестиција во иднината. Со фокус на иновациите, одржливиот развој и женското претприемништво, Халкбанк е посветена на создавање на економски посилна и подобра иднина за сите.