На три ресторани и една месарница во Кавадарци им се изречени парични казни за пласирање во промет небезбедна храна и за неспроведени санитарни прегледи за вработените лица, информира денеска Агенцијата за храна и ветеринарство.<br>
Недоследностите се најдени при вонредните инспекциски контроли што биле спроведени кај оператори за храна неделава во Кавадарци.
„Изречените глоби се движат од 600 до 3.000 евра во денарска противвредност за правните лица, зависно од големината на субјектот и по 400 и 500 евра во денарска противвредност за одговорните лица во правните субјекти. Уништени се 87 килограми небезбедна храна – месо, замрзнати производи, замрзната риба“, соопшти АХВ.