Почитувани клиенти на Халк Банка АД Скопје,
Во текот на денешниот ден, сабота, 28 декември 2024 година, се одвива злонамерна кампања која има за цел да ги прибере Вашите броеви на картички, како и Вашите лични податоци, а со цел злоупотреба на Вашите финансики средства преку дигитализација на Вашите платежни картички.
Нападот се одвива преку добивање на SMS порака која се претставува дека е од банката и бара од Вас на измамнички сајт да ги внесете Вашите податоци.
Адресата на сајтот е <b>vasata-bezbednost-halkbank</b> и истата е <b>измамничка</b> и на <b>никој начин не е поврзана со банката.</b>
Ве молиме да <b>не кликате на линкот кој ќе го добиете во SMS,</b> <b>и да не ги давате Вашите податоци на посочената адреса. </b>
Исто така Ви напоменуваме дека во иднина можно е да се смени адресата на измамничкиот сајт.
<b>Халк Банка АД Скопје никогаш нема од Вас да ги побара Вашите лични и податоците за платежните картички на овој начин. </b>
Целокупната комуникација помеѓу банката и клиентите се одвива преку официјални канали кои се и потврдени од страна на банката.
<b>Доколку веќе сте ги внеле Вашите податоци на измамничкиот сајт, Ве молиме ВЕДНАШ да се јавите во контакт центарот на Халк Банка АД Скопје, како би се преземале понатамошни активности за спречување на измамите. </b>
<b>Телефонскиот број на контакт центарот е +389 2 3296 330 и истиот Ви e на располагање 24 часа во денот.</b>
Со почит, Халк Банка АД СКопје